УСЛУГИ

Што можеме да направиме за вас?

Fancy Marriage ви нуди комплетна организација и декорација на секаков вид свечености и прослави, дали тоа биле приватни или деловни, со сите пропратни работи поврзани со истите.

favicon

Дизајнирање и Планирање

Од целосно планирање на настани за зафатени клиенти кои имаат потреба од информација, координација, преговори, до парцијално планирање за клиенти кои имаат веќе некаков напредок и замисла. Нашиот тим е спремен да ви помогне за секоја пригода. Свадби, веридби, девојачки забави, родендени, крштевки, сунети, слави, празнични декорации...
favicon

Свадбен Ден и Останати Прослави

Кога се подготвува свадба премногу време губиме на детаљите, одлуките и секој значаен допир. После многу припреми и обиди, следи прашањето "Кој се ова ке го реализира според планот". Во Fancy Marriage сме специјализирани за координација на Свадбениот Ден. Нашиот фокус е да го претвориме вашиот сон за големиот ден реалност, за кој сте се потрудиле премногу. Ке ја споиме секоја коцка во мозаикот, сите планови да се изреализираат мазно и дискретно. Предноста да не ангажирате е што вие, вашата фамилија, пријатели ке имате можност релакирано и комплетно да се опуштите во вашиот Спектакл.

favicon

Цвеќе и Декор

За да креираш спектакуларен настан ти треба восхитувачка декорација и вешт тим кој ке ја трансформира вашата идеја во уште поубава реалност. Можеме да ви обезбедиме од цветни декорации до престилки за столици и маси, осветлување, озвучување, фотографија, или комплетна логистика за перфектен настан... Режано или саксиско цвеќе аранжирано со стил и вкус за добивање на магичен момент со примателот. Секаков вид украсни дрвца. Семинари, конференции, отварања и одбележување на значајни датуми на претпријатието, манифестации, хортикултурно уредуванје на простории и канцеларии...
favicon

Консултации

Нашето 15 годишно искуство и непрекинатата посветеност и едукација во полето на свадбената и цвеќарска индустрија, ни дава за право да ви дадеме совети приклани на вашите замисли.

Гифт Шоп

Во склоп на цвеќарата имаме дел каде можете да најдете симболичен fancy подарок, балони со хелиум, пакување...